Дома Фудбал Италија Серија А поради Михајловиќ промени едно правило

Серија А поради Михајловиќ промени едно правило

Синиша Михајловиќ од средината на минатиот месец објави дека боледува од акутна леукемија, но и покрај тоа остана тренер на Болоња.

Оваа негова објава предизвика големо внимание во регионот, но и во Италија каде што важи за вистинска легенда.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Михајловиќ се труди од болничката постела да го води тимот. Разменува меилови со стручниот, штаб и играчите, ги следи сите тренинзи во живо преку интернет стрим и ги анализира податоците од натпреварите кои му ги испраќа аналитичарот Дејвид Ламберт.

Поради сето ова раководството на Серија А промени едно правило. Досега не беше дозволено еден тренер да биде во директна комуникација со човекот кој го заменува на клупата ако тој е отсустен.

Но, од почит кон Михајловиќ тоа правило е променето и сега гласи: Еден тренер не смее да комуницира со човекот кој го заменува ако е отсутен поради суспензија, во друг случај тоа е дозволено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…