Претседателот на италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гарвина најави дека размислува да го промени стандардниот формат на Калчо-лигата.
Гарвина признал за италијанските медиуми дека интересот е опаднат, па размислуваат за промена со која лигата би станала поинтересна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Можно е Серија А да се промени. Размислуваме првенството да се игра во три фази. Постои одреден страв за таков формат затоа што плеј-офот може да ги казни клубовите кои почесто победуваат и повеќе вложуват. Меѓутоа мораме нешто да направиме за првенството да стане поинтересно. Во овој момент со овој формат ризикуваме да изгубиме уште повеќе гледачи“.
Според зборовите на Гарвина ова би можело најмногу да влијае на Јувентус кој подолго време доминира во Италија.