Италијанскиот менаџер Џузепе Пино Палјара имаше жестоки обвинувања на сметка на легендарниот Сер Алекс Фергусон.
Имено, тој тврди дека Алекс Фергусон го наместил натпреварот меѓу неговиот тим и Јувентус во Лигата на шампионите и како награда за тоа добил часовник од 40 илјади евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Палјара заедно со уште еден агент се појавија на суд поради местење натпревари, а обвинет е и помошникот тренер на Барнсли, Томи Рајт.
Италијанецот го обвини Фергусон за местење на мечот меѓу Јунајтед и Јувентус во Лигата на шампиони, а тврди дека легенарниот менаџер земал „под рака“ пари и од трансферите.