Дома Фудбал Сериозни критики за Зидан: Интезитет, интезитет…Немаш ли некое друго објаснување!?

Сериозни критики за Зидан: Интезитет, интезитет…Немаш ли некое друго објаснување!?

Шпанскиот новинар Хозе Педрерол не штедеше критики на сметка на Зинедин Зидан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Педрерол е познат како новинар кој пренесува важни информации за Реал и како човек кој го кажува она што го мисли. Токму тој го најави заминувањето на Роналдо, но претходно често го бранеше и Зидан, кого сега жестоко го искритикува.

Зидан после натпреварот против ПСЖ зборуваше за недостаток на идентитет кај играчите.

„Интезитет, интезитет, интезитет…Зарем нема некое друго објаснување!? Зошто Зидан не ги објасни измените? Зотшо зборува дека му фалат играчи во средината, а го избрка Себаљос? Морате да разговарате и за фудбалот: Тактика, план и способност, реакција од клупа…“

„Како сакате да се постигне интезитет ако играчите тренираат 40 минути. Ако физичката спремност е катастрофа и ако психички се повредени, како сакаш да постигнеш интезитет ако екипата после дебаклот во Париз добива слободен ден? Почитуван Зидан, интезитетот започнува со вас“, порача Педрерол.

Во шпанските медиуми веќе може да се прочита за потенцијалните наследницина Зидан, се споменуваа Мурињо, Алегри како и поранешните играчи на овој клуб, Раул и Алонсо…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати се четири пара за нокаут-фазата на Светското првенство, овие 19 репрезентации продолжија понатаму

По првите два дена од третото, последното коло на групната фаза од Светското фудбалско прв…