Дома Трансфер зона Сергеј Милинковиќ Савиќ на „слатки маки“ – има понуди од сите страни!

Сергеј Милинковиќ Савиќ на „слатки маки“ – има понуди од сите страни!

savic

Сергеј Милинковиќ Савиќ повторно е главна тема во голем број светски медиуми.

Во текот на денот пишувавме за пропуштената шанса на Барселона да го доведе. Повеќе за ова ТУКА.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сергеј постигна два погодоци во натпреварот против Лацио над Сасуоло и стигна до вкупно 12 погодоци во сите натпреварувања оваа сезона.

Тоа беше повод за Италијаните, посебно за „Тутомеркато“ да се обрати до Матеја Кежман, агентот кој го застапува српскиот фудбалер.

„Бројни големи клубови од Англија, Шпанија, Италија и Франција покажаа голем интерес за Сергеј. Не сакам да зборувам за бројките, но сигурен сум дека Сергеј ќе стане еден од најдобрите фудбалери во Европа во наредните години. Сепак, за трансферот ќе зборуваме на крајот од сезоната. Лацио во овој момент игра одлично и Сергеј ја игра најдобрата сезона во кариерата. Сите сме фокусирани на успехот на тимот“, изјави Кежман.

Според неговите зборува Сергеј напредувал во сите сегменти, но се уште има голем простор за напредок.

„Напредуваше во се, ментална смисла, физичка, техничка…Го гледам како напредува секој ден во секој поглед. Дали може да биде подобар? Повторувам, тој е играч кој не знае за лимити, може констатно да напредува и да биде се подобар. Мундијалот ќе биде голема прилика да ги покаже сите свои квалитети“, заврши агентот на фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…