Дома Топ вести Години скаутирање, информации… на крајот ништо – Зошто Сергеј Милинковиќ Савиќ не е денес играч на Барселона?

Години скаутирање, информации… на крајот ништо – Зошто Сергеј Милинковиќ Савиќ не е денес играч на Барселона?

Италијанските медиуми често пати знаат да го пофалат Сергеј Милинковиќ Савиќ, а после маестралниот настап и двата погодоци против Сасуоло за Србинот пишуваше и „Мундо Депортиво“.

Реномираниот шпански медиум кој секогаш има доверливи информации за случувањата во Барселона овој пат пишуваше за можноста и пропуштената шанса Барса да го доведе Савиќ во своите редови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текстот на „Мундо Депортиво“ се наведува дека првиот оперативец на Барселона, Роберт Фернандез ги следел во живо настапите на Савиќ. Се всушност било дел од скаутирањето на Стефан Де Фрај кого Барселона се обидуваше да го доведе минатата година. Во меѓувреме клубот се одлучи за младата колумбиска надеж, Јери Мина, за потоа да ја покрие и позицијата која ја покрива Сергеј Милинковиќ Савиќ со купувањето на играчот на Гремио, Артур.

Според деталите, информации за Сергеј скаутите и оперативците на Барселона собирале од многубројни фудбалски работници, од поранешниот првотимец на Барселона Горан Вучевиќ до Бојан Кркиќ, таткото на сегашниот играч за врска на Стоук.

Белешките, мислењата и информациите подоцна оделе и директно до спортскиот директор на Барселона, Ариедо Браида (на фунакција од 2015 година). Наводно, Каталонците имале позитивен став кога е Сергеј во прашање, а целиот процес на анализа води и до времето кога Србинот играл уште во младинските категории.

Зошто тогаш големиот интерес не завршил и со трансфер?

Причината поради која Барселона се откажала е тренерската филозофија на Ернесто Валверде и фактот што Артур играчки повеќе се вклопува во неговите замисли отколку Сергеј.

Еден од факторите кои влијаеле Барселона да побара други решенија е и желбата на Сергеј Милинковиќ Савиќ да остане во Лацио.

Треба да се истакне дека во Шпанија во меѓувреме се појави информација дека за Савиќ сериозен интерес покажал Реал Мадрид. Но, агентот на српскиот фудбалер ги демантираше информациите дека неговиот клиент имал контакт со „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…