Денес во рамките од натпреварите во Купот на Македонија Академија Пандев го елиминираше Вардар со победа од 1:0.
Голот на одлука го постигна младиот стопер Никола Серафимов 92 минута и ова секако беше посебен момент затоа што Серафимов цели 13 години помина во Вардар пред да си замине после кризата која го погоди клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во изјава за нашиот сајт Серафимов потврди дека кај него имало измешани чувства и емоции.
„Да секако дека имаше измешани емоции. Од една страна бев среќен затоа што ова беше мојот прв гол за екипата на Академија Пандев и гол што значеше пласман во следната рунда од купот, а од друга страна ми беше тешко затоа што го елиминирав клубот каде што поминав 13 години и израснав како фудбалер“, ни изјави Серафимов.