Шпанското тениско „чудо од дете“, Карлос Алкарас (18 години) изминатата ноќ ја направи најголемата сензација до овој момент на Отвореното првенство на САД.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во драматичен меч во пет сета тој го елиминираше Циципас. (6:3,4:6, 7:6, 0:6, 7:6). Во третиот сет младиот Алкараз губеше со 2:5, но успеа да го врати брејкот и да се избори за тајбрејк во кој доминантно победи. Иако четвртиот сет го загуби без освоен гем, сепак не попушти и се врати со добра игра во петтиот.
Елиминација доживеа и Андреј Рубљов исто така по пет сета игра од Францес Тиафо (3:2). Данил Медведев го доби Пабло Андухар со 3:0.