Српскиот фудбалски клуб Војводина одржа редовно собрание, а во управата пристигнаа засилувања, еден од нив е Милан Мандариќ, поранешениот сопственик на англиски Портсмут.
Ден подоцна на социјалните мрежи на Војводина беше објавена изјавата на првиот човек на клубот Драгољуб Збиљиќ кој рече дека клубот го чека бурен преоден рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Очекувам многу офанзивен преоден рок, сакаме големи засилувања. По Милан Мандариќ, наша следна цел е да го доведеме Душан Тадиќ и од денеска почнуваме преговори. Би сакал да ја искористам оваа прилика да упатам јавна покана до него да ни се придружи.
Тој е човекот што треба да ја носи капитенската лента и да биде Милош Шестиќ на оваа генерација. Околу него може да се изгради база за големи нешта. Душан, те чекаме во клубот“, изјави првиот човек на Војводина Драгољуб Збиљиќ.
Тадиќ од Бачка Топола уште како дете пристигна во Нови Сад и се развиваше во младинските категории на Војводина од каде што си замина во 2010 година и потпиша за Гронинген. Најголем дел од кариерата помина во Холандија бидејќи потоа настапуваше за Твенте и Ајакас, а во меѓувреме и за англиски Саутемптон. Последниот ангажман го имаше во турскиот гигант Фенербахче.