Дома Останати Сензација во Мелбурн – Ѓоковиќ елиминиран од 117-от во светот!

Сензација во Мелбурн – Ѓоковиќ елиминиран од 117-от во светот!

Узбекистанецот Денис Истомин го направи едно од најголемите изненадувања во изминатата деценија на Грен слем турнирите откако во второто коло го елиминира бранителот на титулата и шесткратниот освојувач на Аустралијан Опен, Новак Ѓоковиќ.

Узбекистанецот кој се наоѓа на 117-то место на АТП листата ја оствари најголемата победа во својата кариера и по речиси пет часа игра славеше со 3:2. Истомин е првиот тенисер кој не е меѓу најдобрите 100, а кој успеал да го победи Србинот на некој од грен слем турнирите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѓоковиќ, кој во Мелбурн има шест титули, од кои четири во последните четири години, само во 2008 година испаднал во второто коло на Аустралијан Опен.

„Жал ми е за Новак, но денес играв одлично. И јас сум изненаден од моето издание. Ова е мојата најголема победа, сега се чувствувам дека можам секого да победам“, рече Истомин по мечот на централниот терен во Мелбурн.

Денис Истомин во третото коло ќе игра против Пабло Крењо-Буста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…