Локална радио станица во Наполи денес сензационално пренесува дека Антонио Конте е желба на Наполи.
Надежтта дека Наполи може да дојде до долго очекуваната титула паднаа во вода по поразот во Фиренца, а Маурисио Сари ги подгреа сомнежите дека би можел да замине во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Не е тајна дека Челзи го сака во своите редови, па токму затоа би можело да дојде до размена, односно Конте да премине во спротивниот правец.
Сари не потпиша нов договор, клаузулата му изнесува осум милиони евра, што за Челзи не претставува никаков проблем.
Медиумите во Наполи тврдат дека Роман Абрамовиќ го избрал Сари, сега тој е прва мета, а дека Аурелио Де Лаурентис го повикал Конте.
Конте изминативе месеци најчесто се поврзуваше со враќањето во Италија, Наполи беше најмалку веројатен, но работите во финишот на сезоната се променија.
Сепак, Конте би можел да прифати и значително помала плата, доколку го прифати повикот од Наполи, бидејќи е јасно дека не може да заработува како во Лондон.
Замислете само како тогаш би изгледал најголемиот модерен дерби меч во Серија А, помеѓу Наполи и Јувентус, бидејќи оддамна е познато дека Конте не остана во најдобри односи со „Старата дама“.