Дома Останати Сензационална победа на тинејџерката Радукану на УС Опен

Сензационална победа на тинејџерката Радукану на УС Опен

18-годишната Ема Радукану е сензационална победничка на УС Опен, откако во финалето со 2:0 ја победи Лејла Ани Фернандез.

Британката започна од квалификации, стигна до финале и таму беше супериорна па со 6:3 и 6:4 стигна до трофејот на УС Опен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последен пат британска тенисерка која освоила грен-слем турнир беше пред дури 44 години кога Вирџин Вејд победи во Вимблдон.

Нејзината соперничка, 73-рангираната Фернандез, исто така, имаше импресивен пат до финалето во Њујорк, елиминирајќи три тенисерки од топ 10 – Наоми Осака, Елина Свитолина и Арина Сабаленка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …