Семејството на Ѓоковиќ на прес-конференција даде објаснување за целиот случај. На почетокот зборуваше братот на Ѓоковиќ, Ѓорѓе.
Тој откри дека оваа прес-конференција е повод за прослава за победа на правниот систем. Ѓорѓе испрати и благодарност до сите кои го подржуваа Ѓоковиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„На нас како семејство ни е многу тешко затоа што сме многу субјективни и емотивни. Во прашање е мојот брат. Многу е тешко да стоиме покрај Новак, а да не повредиме никого. Направивме се што е во наша моќ за да ги испочитуваме сите правила и да покажеме дека на Новак потребна му е помош за на крај да излезе како победник“.
„Сакам да се заблагодарам и на народот низ целиот свет, собири имаше низ секаде. Правдата и вистината излегоа на површина. Тука сакам да се заблагодарам и на правниот систем на Австралија, како и на судијата кој го разгледа случајот детално од самиот почеток, па се до спроведувањето на Новак во смештајот за азиланти. Ситуацијата и за нив беше комплицирана и на нив не им било лесно, сигурен сум дека имаа огромен притисок. Вчерашното судење го следеше целиот свет, паѓаше и стримот. Благодарност и до сите што пренесуваа, што преведуваа за нашиот народ подобро да разбере што му се случува на мојот брат“.
Потврди дека Ѓоковиќ е слободен и веќе тренирал.
„На крајот успешно се заврши се. Новак сега е на слобода. Предмалку беше на теренот и тренираше. Тој дојде во Австралија Опен да игра тенис и да оствари уште еден рекорд. Отиде со најдобра намера. Имаше се подготвено, целата побарана документација и епилогот денес го дознавме сите. Новак е тенисер, најдобар на сите времиња и сака само да го прави тоа што најдобро го знае“.
„Новак е тој кој секогаш се залагал за своите идеали и за слободата на говорот. Многу информации има денес. Сакам да се изјаснам дека ова е повод за прослава и за задоволство на семејството на Ѓоковиќ. На целиот свет му е покажано што се случуваше и дека Новак е еден чесен човек. Мене ми е многу драго што се покажа дека правниот систем се уште постои. Ова на сите ни дава многу сила да продолжиме понатаму“, изјави Ѓорѓе.
Мајката на Ѓоковиќ во продолжение ја означи оваа победа како најголема во целата кариера, поголема сите на теренот.
ЦЕЛАТА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА