Дома Фудбал Италија Семејството донесе одлука: Ова е иднината на Донарума!

Семејството донесе одлука: Ова е иднината на Донарума!

Доколку ова е вистина, човекот е навистина „господар“.

Џиџи Донарума ќе се соочи со мочната Шпанија во полуфиналето од Европското првенство за млади, а далеку од Полска се води битка за неговата судбина.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Ситуацијата е сега таква, Рајола мора да се врати на преговарачката маса. Имено, бидејќи Монтела зборуваше со семејството, и откако младиот голман беше под голем притисок, работите се променија.

Рајола не се откажува од тоа да го доведе Донарума во Реал, но само ќе ги одложи плановите. Имено, семејството на младиот голман побара од агентот талентираниот голман да го продолжи договорот. Тие сметаат дека така би избегнале проблеми, бидејќи сметаат дека се уште е рано за заминување од Италија.

Многумина сметаат дека Рајола од целата приказна само покрена фрка за да донесе само подобри услови за Донарума, ја намали клаузулата и дека во секој случај, за неколку години најталентираниот италијански голман ќе заврши во некој од големите европски клубови.

Тој наводно се расправа со Мирабели, кој е слаба алка во тандемот на директори на Милан, поточно има послаби нерви во преговорите, за целата работа да ја довде на ниво во кој „Росонерите“ ќе се согласат на се, само Донарума да го продолжи договорот.

И изгледа дека тоа успеа, тим што никакви проблеми не ни имаше, се зборуваше за ПСЖ и Реал, но и едните и другите се заинтересирани да го доведат Донарума како слободен играч, не сакаат да платат надомест од 50 милиони евра.

Во секој случај, по завршувањето на ЕП, следуваат преговори, но сега речиси се е извесно, Донарума ќе остане во Милан, а нема ни збор за тоа дека ќе се промени агентот, бидејќи неговото семејство и понатаму му верува на Рајола, по сето тоа што своевремено детето го убеди да се пресели во Милан, а не во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бизарна сцена во Шпанија: Голман се правеше паметен, па беше виновник за примениот гол

Луди сцени во плеј-офот за влез во вторта лига на Шпанија, Малага постигна гол гротив Наст…