Дома Фудбал Англија Сеир на сметка на Луиз: Кажа дека можат до титула и Арсенал од тогаш – не победи!

Сеир на сметка на Луиз: Кажа дека можат до титула и Арсенал од тогаш – не победи!

Бразилскиот фудбалер Давид Луиз во текот на летниот преоден рок направи трансфер од редовите на Челзи во Арсенал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во Арсенал пристигна како големо засилување во одбраната и се очекуваше да ја зацврсти одбраната. Меѓутоа неговото доаѓање не ги подобри премногу работите и Арсенал ја игра една од најлошите сезони во историјата.

„Топџиите“ се без победа веќе девет натпревари што е најдолга низа без победа на Арсенал во последните 42 години. Токму пред девет натпревари Луиз даде изјава која сега му се „удри од глава“.

Бразилецот тогаш најави дека Арсенал може да се бори за титулата.

„Моите амбиции секогаш се да се борам за титулата. Арсенал има шанси оваа сезона да ја освои“, изјави Луиз и од тогаш Арсенал не победи на ниту еден натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милански навивачи со порака до Ибрахимовиќ по промените во раководството на клубот.

Во Милано владее вистинска драма откако Росонерите останаа без Лигата на шампионите и одлу…