Италијанските медиуми пренесуваат дека крилниот фудбалер на Јувентус и колумбиски репрезентативец, Хуан Квардадо најверојатно ја завршил сезоната.
Квардадо има проблем со повреда на препоните, па мораше да оди на операција, а од Јувентус не знаат колку време точно ќе трае рехабилитацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Квардадо во саботата имаше прегледи и продолжува со рехабилитацијата. Моментално не е во состојба да игра, но не можеме да кажеме точно кога ќе се врати. Ова поврена може да трае два дена, а може и неколку месеци. Се надеваме дека ќе се опорави што е можно поскоро“, изјави тренерот Алегри.
Од Јувентус се надеваа дека Квардадо ќе се врати на терените на крајот на сезоната, но прогнозите не се оптимистички.