Дома Фудбал Седум години, 14 титули, дојде време за разделба – Овој ветеран ја напушта Барселона!

Седум години, 14 титули, дојде време за разделба – Овој ветеран ја напушта Барселона!

macherano

Еден од членовите со најдолг стаж во Барселона наскоро би можеле да ја напуштат Каталонија.

Станува збор за човекот кој веќе седум години е член на каталонскиот гигант, Хавиер Маскерано.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Oткако во 2010 година пристигна од Ливерпул за 20 милиони евра, Маскерано стана еден од најдобрите фудбалери на Барселона и навистина беше тешко да се замисли стартниот тим на Барселона без него.

Запиша веќе 330 настапи за каталонскиот клуб, постигна само еден погодок, но оваа сезона предност добиваат Пике и Умтити. Оваа сезона тој запиша само десет настапи на четири средби, а доколку неговиот статус не се промени спремен е да замине што побрзо.

„Мојата цел е да бидам среќен и одлуката која ќе ја донесам зависи од тоа. Очигледно дека во Барселона не играм често како претходно. Сеуште играм, сеуште се натпреварувам, во составот сум на секој натпревар бидејќи тоа го заслужавам со добрата работа на тренинзите. Но јасно е сакам да играм повеќе. Не кажувам дека морам, бидејќи играчите кои играат се на највисоко ниво“, изјави Маскерано.

33 годишниот Аргентинец размислува за враќање во татковината каде би можел да ја заврши својата успешна кариера. Аргентина ја напушти во 2005 година кога се пресели во Коринтијас, а потоа преку Вест Хем пристигна на „Енфилд“, за на крајот да заврши во Барселона.

„Не сум размислувал за враќа во Аргентина, не сум добил понуда, но ќе видиме. Не можам да отпишам ниту една опција“, додаде Маскерано.

Аргентинецот со Барселона освои четири титули шампион на Шпанија, четири титули во купот, две во Лигата на шампионите, две во УЕФА Суперкупот и две на Светското клупско првенство, додека со Аргентина во 2014 година играше во финалето на Светското првенство и четири пати губеше во финалето на Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…