Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски: Го остварив ветувањето дадено на Самсоненко

Седлоски: Го остварив ветувањето дадено на Самсоненко

Предводникот на Вардарци кои вечерва со победата од 3:1 над Малме остварија пласман во третото коло од квалификациите за ЛШ, Гоце Седлоски, истакна дека е задоволен од победата и играта на неговите момци во текот на мечот.

„Им честитам на моите играчи, но и на навивачите кои дојдоа тука да не поддржат. Имавме тежок меч баш онака како што и кажав. Фудбалерите веруваа во себе им кажав дека можеме да минеме понатаму и успеавме во тоа. На полувремето им кажав да дадат се од себе бидејќи Малме не е тим кој не можеме да го победиме. По голот на Грнчаров и Барсегјан добивме самодоверба и заслужено триумфиравме. На стартот од квалификациите му ветив на Самсоненко дека ќе се пласираме во третата фаза и тоа го направив. Ни следува Копенхаген кој е поквалитетен тим. Сега ќе одмориме неколку дена и ќе продолжиме да се подготвуваме за понатаму“, истакна тренерот, Седлоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ливерпул двапати водеше, Фенербахче го шокираше со пресврт!

Фенербахче славеше со 3-2 во Истанбул и му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во оваа сезо…