Ако може да се суди по натписите во шпанските и италијанските медиуми, Кристијано Роналдо ќе го напушти Реал ова лето и кариерата ќе ја продолжи во дресот на актуелниот италијански шампион, Јувентус.
Пред неколку дена во јавноста се појави веста дека Јувентус сака да го донесе Португалецот, и дека е веќе подготвена понудата. Во прва рака многумина помислија дека во прашање е уште една во низа шпекулација, но сега се чини дека навистина нешто се „готви“ на релација Роналдо и Јувентус.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Откако со Реал освои се што можеше очигледно е дека Роналдо одлучи да најде некој нов предизвик. Меѓутоа, медиумите на Апенините, тврдат дека зад неговото евентуално пристигнување во клубот од Торино, стои некоја сосема поинаква причина, а тоа е данокот.
Познато е дека Роналдо во Шпанија е обвинет за затајување на данокот и ќе мора на оваа земја да и плати казна од 19 милиони евра. Токму тогаш се промени неговиот однос со претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перез кој тогаш одби да ја плати оваа казна за Роналдо. Пристигнувањето во Италија е логичен избор за Роналдо доколку гледа „проблеми“ со данокот.
Имено, новиот закон на Апенините околу данокот кој е усвоен 2017. година, за да првлече повеќе ѕвезди да живеат во оваа земја е токму тоа што му треба на Роналдо. Тој во тој случај на својата заработка од спонзор, клубот, дури и недвижнина на државата ќе и плаќа максимално 100.000 евра годишно што не може да се спореди во однос на останатите европски држави.
„Оваа ситуација околу данокот е воведена за да се привлечат странски ѕвезди да дојдат и живеат во нашата земја. Италија е една од ретките европски земји која има привлечен систем што се однесува до данокот“, истакна италијанскиот адвокат Серџио Сирабела за медиумите.