Дома Топ вести Сега и официјално, Мбапе нов член на ПСЖ – Познати сите детали

Сега и официјално, Мбапе нов член на ПСЖ – Познати сите детали

Она што беше потврдено во текот на денот, сега и се официјализираше, Килијан Мбапе е нов фудбалер на ПСЖ.

После тешките преговори ПСЖ и Монако конечно успеаа да се договорат. Иако при потврдата се шпекулираше дека ПСЖ ќе употреби поинаков метод, сепак тој пристигнува на позајмица со опција неговиот договор да биде откупен на крајот од сезоната за сума од 145 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако неговиот договор ќе биде откупен, Мбапе ќе потпише договор со ПСЖ до 2022 година.

Со тоа трансферот на Мбапе е втор најголем во историјата, веднаш зад неговиот соиграч од ПСЖ, Нејмар кој ова лето пристигна од Барселона за сума од 222 милиони евра. Но тоа не е се, ПСЖ доколку фудбалерот исполни одредени услови ќе мора на Монако да му исплати дополнителни 35 милиони евра во вид на бонуси, со што трансферот ќе стигне до сума од 180 милиони евра.

⚡️? #BienvenueKylian

Posted by PSG – Paris Saint-Germain on Thursday, August 31, 2017

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива о…