Дома Топ вести Сега и официјално: Ибра повеќе не е играч на Манчестер Јунајтед

Сега и официјално: Ибра повеќе не е играч на Манчестер Јунајтед

Наскоро потпишува за нов клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед пред нешто повеќе од половина час потврди дека го раскинува договорот со Златан Ибрахимовиќ.

Клубот на својот официјален Твитер профил му се заблагодари на 36 годишниот Швеѓанец на доприносот за клубот во изминатиот период и му посака среќа во понатамошната кариера.

Без оглед на тоа што во август Ибра потпиша нов едногодишен договор со „ѓаволите“, Ибра не успеа да се избори за место во првиот тим на Јунајтед, а за тоа допринесе и повредата на коленото поради која долго време беше надвор од терените.

Оваа сезона Ибрахимовиќ одигра само седум натпревари (пет во Премиер лигата) и постигна еден погодок во Лига купот.

Ибрахимовиќ во наредните неколку денови се очекува да потпише договор со тимот од МЛС лигата, Лос Анџелес Галакси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…