Дома Фудбал Останато Сега е јасно зошто Дембеле не го менуваше Меси: Пред натпревар направил нешто неприфатливо за Барса!

Сега е јасно зошто Дембеле не го менуваше Меси: Пред натпревар направил нешто неприфатливо за Барса!

dembele

Иднината на Осман Дембеле во Барселона е под голем знак прашалник.

Барселона го победи Интер со 2:0 во Лигата на шампионите, а очекувањата пред натпреварот беа Дембеле да биде човекот кој ќе го замени повредениот Меси, но Валверде на крајот се одлучи за Рафиња и не згреши (постигна погодок).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега во јавноста се откри веројатно и најголемата причина поради која Дембеле не беше стартер.

Валверде закажал состанок на тимот во 19:00 часот, два часа пред натпреварот. Дембеле во соблекувалната се појави во 19:25.

Така од очекувањата за стартер Дембеле целиот натпревар го помина на клупата за резерви.

Во Барселона овој фудбалер пристигна кон крајот на август 2017 година, но немаше среќа бидејќи се мачеше со повредата на бутниот мускул и беше надвор од терените пет месеци.
Каталонците за неговите услуги платија 105 милиони евра и од оваа гледна точка можеме да кажеме дека погрешија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразил на Копа Америка без три големи ѕвезди

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот…