Дома Фудбал Севиља го отпушти тренерот, ја врати легендата на кормилото!

Севиља го отпушти тренерот, ја врати легендата на кормилото!

Севиља очекувано го отпушти тренерот Пабло Мачин по серијата лоши резултати, кои кулминираа со елиминацијата вчера од Лигата на Европа.

Андалузијците беа елиминирани од Славија Прага, што ја прели чашата, па челниците одлучија да реагираат и му врачија отказ на Мачин.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


До крајот на сезоната, тимот ќе биде предводен од Хоакин Капарос, поранешен тренер на тимот, кој беше на чело во периодот 2000-2005 година и стекна легендарен статус во овој клуб.

62-годишниот Капарош ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, а целта ќе биде да ја врати Севиља во Лигата на шампиони следната сезона, односно да заврши во Топ 4 во Примера.

Падот на Мачин започна во почетокот на 2019 година, кога Севиља победи на само два од последните 11 меча, па падна на 6-то место на табелата.

Ова е десетта тренерска промена во шпанската елита во текот на сезоната – по две во Реал Мадрид, Селта и Виљареал, а една во Хуеска, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двајца фудбалери на Реал Мадрид побарале да не шутираат пенали против Сити

Двајца фудбалери на Реал Мадрид побарале да не се на листата изведувачи на пенали во вчера…