Навивачите на Динамо и АЕК имаа жестока пресметка во Атина пред вечерашниот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Грчката полиција потврди дека 22-годишен навивач на АЕК го загубил животот, но голем е бројот на повредени и уапсени. Последните информации се дека биле уапсени 96 лица, од нив дури 82 биле навивачи на Динамо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега за грчките медиуми зборуваше сведок на инцидентот.
„Бев на кафе со тројца пријатели кога дојдоа некои луѓе, а сопственикот ни кажа дека сакаат да прават проблеми. Само ни викна: Заминувајте, ќе го затвориме локалот, ризикот е преголем“.
„Одејќи до автомобилот видов како неколку луѓе ни се приближуваат, држеа палки и уште некои други работи. Сфатив дека нема да стигнам до автомобилот, па се свртев и си заминав. Го скршија предното и задното стакло, нас не не удрија, но слушнав дека други настрадале. Во локалот беа и повеќе луѓе“, раскажал неименуван Грк.