Дома Останати Саудијците се луди: Нудат астрономска сума за да организираат борба Фјури – Џошуа!

Саудијците се луди: Нудат астрономска сума за да организираат борба Фјури – Џошуа!

Кралското семејство на Саудиска Арабија понуди неверојатни пари за да организира натпревар помеѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

Според британските медиуми, Саудијците сакаат борба на апсолутен светски шампион во боксот да се одвива на нивно тло и подготвиле понуда што ќе биде навистина тешко да се одбие. Таа изнесува 400 милиони фунти.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Принцот Калед добиар задача од принцот Мохамед бин Салман да ги донесе сите најголеми спортски настани во светот во Саудиска Арабија и тој до сега добро го прави тоа.

Тој беше во можност да донесе големи настани на ВВЕ федерацијата, потоа борбата на Џошуа против Енди Руиз и разни големи фудбалски настани. Сега тој подготви понуда за Фјури и Џошуа, која не се одбива.

“Добиваме огромен број понуди. Можно е следниот меч против Вајлдер или натпреварот со Џошуа да биде во Лондон, но можни се и други локации. Тајсон е број еден, но сè уште не знаеме дали ЕЏ навистина сака борба. Тој знае дека ќе биде нокаутиран иако е посилен од Вајлдер “, објави промоторот за Фјури, Френк Ворен.

Сепак, понудата на Саудијците е дефинитивно најбогата од сите други. Парите се огромни и навистина е тешко да се очекува некој да успее да ја одбие оваа сума.

Сепак, пред евентуалниот судир на британските тешкаши и двајцата најверојатно ќе треба да боксуваат уште еден меч. Деонтај Вајлдер веднаш бараше реванш на којшто му беше одобрен поради клаузулата, додека Џошуа чека одбрана на титулата против Кубрат Пулев.

Доколку и двете борби се договорат во текот на летото, евентуалната пресметка за апсолутниот светски шампион ќе се одржи на крајот на годината, односно во ноември или декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…