Дома Фудбал Италија Сари: Јувентус не е како Челзи, туку има приказна долга 100 години

Сари: Јувентус не е како Челзи, туку има приказна долга 100 години

Италијанскиот стратег Маурицио Сари неодамна беше промовиран за нов тренер на Јувентус.

Пред „старата дама“ Сари ги водеше Наполи и Челзи од каде што пристигна во Торино, а со последниот коментар тој би можел малку да ги налути навивачите на Сари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Сари ја спореди историјата на Јувентус, клубот кој сега го води и неговиот поранешен клуб, Челзи.

„Имав голема среќа што го тренирав Челзи, клуб кој стана важен во последните години, но Јувентус е поинаков. Овде постои приказна која е долга 100 години, додека во Челзи успешната приказна започна пред 20-тина години“, изјави Сари.

Италијанецот кого заштитен знак му се цигарите откри дека дневно пушел и по 60 цигари.

„Пушев 60 цигари дневно и тоа малку премногу. Не чуствувам некоја потреба да запалам во тек на натпреварот, но после натпреварот ми е неопходно“, изјави Сари за италијанските медиуми.

Инаку, тој со Јувентус потпиша договор на три години кој ќе го врзува во Торино до летото 2022 година, а неговата главна задача ќе биде на овој клуб да ја донесе титулата во Лигата на шампионите која овој клуб ја чека толку долго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…