Екипата на Челзи денес доби вистинска лекција од бранителот на трофејот Манчестер Сити кој ги разби со убедливи 6:0.
После натпреварот Маурицио Сари беше толку бесен што не се поздрави со својот колега од спротивната Пеп Гвардиола и побрза во соблекувалната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гвардиола дури и ја пружи раката, но Сари само си помина покрај него. Италијанецот тврди дека не го видел.
„Не го видов на време, подоцна ќе се поздравам. Сакав само побрзо да влезам во соблекувалната. Немам проблем со него“, изјави Сари.
Меѓутоа навистина ретко кој верува во оваа изјава на Сари дека не го видел Шпанецот, сепак и неговиот бес може да се разбере поразот беше навистина висок.
FROSTY! Maurizio Sarri wasn’t for shaking Pep Guardiola’s hand after that defeat ?? pic.twitter.com/Ozh1CAHf3a
— Soccer AM (@SoccerAM) February 10, 2019