Дома Фудбал Сари: Нема што да се размислува многу, ни се случи помрачување

Сари: Нема што да се размислува многу, ни се случи помрачување

Јувентус вчера на неверојатен начин изгуби од Милан на „Сан Сиро“.

Италијанскиот шампион водеше со 0:2, но потоа следуваше голем пад во нивната игра и Милан постигна три гола во пет минути, а подоцна преку Ребиќ дојдоа и до уште еден гол за конечни 4:2.

После натпреварот тренерот Маурицио Сари даде објаснување за ваквиот пораз на неговиот тим.

„Игравме на високо ниво 60 минути, го контролиравме натпреварот, а потоа се случи помрачување. Нема никаква корист премногу да се размислува премногу за три дена не чека нов натпревар“.

„Тоа помрачување траеше 15 минути. Мораме да извлечеме позитивни работи затоа што е невозможно да се најдат причини за вакви натпревари. До 62. минута не им дозволивме ниту една шанса, но тоа помрачување им се случи на сите исто ќе беше и да ги заменев сите 11 играчи“, изјави Сари.

Јувентус и покрај овој пораз има високи седум бода предност на лидерската позиција во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победија на пенали, но испаднаа од Купот: Суспензијата го чинеше Игман пласман

Игман го елиминираше БСК на терен, но настапил под суспензија поради долг. Федерацијата го…