Дома Фудбал Сари збесна: Аризабалага не го послуша и не сакаше да биде заменет – и остана во игра! (ВИДЕО)

Сари збесна: Аризабалага не го послуша и не сакаше да биде заменет – и остана во игра! (ВИДЕО)

Денес и второто големо дерби во Англија после она во Премиер лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул заврши без голови. Меѓутоа Челзи и Манчестер Сити играа во финалето од Лига Купот, па тука победник мораше да има.

Во овие моменти се изведуваат пеналите, а неверојатна ситуација се случи во финишот од второто продолжение.

Имено, Сари сакаше да го замени Кепа Аризабалага и во пенал рулетот на голот да биде Вили Кабаљеро меѓутоа Шпанецот одлучи да остане на теренот и не го послуша својот стратег.

Ќе биде интересно да се види каков ќе биде односот на Сари кон Аризабалага после оваа ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…