Дома Фудбал Италија Сари за ждребот: Најмногу се плашевме од Реал Мадрид

Сари за ждребот: Најмногу се плашевме од Реал Мадрид

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари се обрати за медиумите пред утрешниот натпревар на Јувентус во Серија А против Сампдорија.

Во таа прилика Сари го искоментира и ждребот за осминафиналето во Лигата на шампионите. Тренерот на Јувентус призна дека во неговиот тим најмногу се плашеле од Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Најмногу се плашевме од Реал Мадрид и ги избегнавме. Значи можеше да биде полошо, во секој случај во Лигата на шампионите нема лесни наторевари. Меѓутоа пред Лигата на шампионите има важни натпревари и сега не размислуваме за тој натпревар, тука е и преодниот рок“, изјави Сари.

Новинарите ги интересираше дали утре ќе игра Роналдо.

„Ќе видиме, се уште не сум одлучил“, одговори стратегот на италијанскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…