Jувентус повторно не прикажа кој знае каква игра и едвај извлече реми против Милан. Со оглед на тоа што следниот натпревар Јувентус го игра дома, ремито е позитивен резултат.
Шампионот на Италија не создаде многу сериозни прилики на „Сан Сиро“, меѓутоа Маурицио Сари не е премногу загрижен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не сум загрижен, бидејќи единствена грижа во животот ми е задравјето. Не замисливо е екипата цело време да победува, ова е спорт…Многу зависи од физичката и психолошката спремност на играчите. Во последните три недели не растевме. Примаме голови кои не треба да ги примаме. Бевме во одлична форма во последните 15 дена, но тоа се промени. Можеби повторно ќе бидеме одлични за 15 дена. Во фудбалот тешко е да се предвидат работите“.
За повредата на Киелини.
„Киелини е играч кој би недостасувал на секој тим. Тој носи карактер и енергија во одбраната. Денес играше за младиот тим и кажа дека добро е чувствува. Наскоро ќе одлучиме кога ќе заигра“, изјави Сари после натпреварот.