Дома Фудбал Останато Сари дебитираше со победа, импресионираше новото засилување (видео)

Сари дебитираше со победа, импресионираше новото засилување (видео)

„Сините“ забележаа минимална победа против Перт Глори со 1:0 во премирената пријателска проверка.

Челзи триумфално ги започна подготвителните натпревари под водство на новиот стратег Маурицио Сари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот клуб денес го совлада австралискиот Перт Глори, единствениот гол беше дело на Педро Родригез уште во петата минута после центаршутот на 17 годишниот Калум Хадсон-Одои. Иако Челзи доминираше во текот на целиот натпревар тоа беше единствениот погодок.

Сари се одлучи да започне со формацијата со која играше Антонио Конте 4-2-3-1, а од првата минута шанса доби неговиот пулен од Наполи, Жоржињо кој уште на првиот натпревар покажа зошто Абрамович скапо го плати. Натурализираниот Италијанец одигра 45 минути и за тоа време импресионираше со техничките можности бидејќи ја допре топката дури 101 пат и имаше 98 успешни додавања.

Челзи како што споменавме настапи во формација 4-2-3-1: Булка – Запакоста (73, Пиазон), Луиз, Ампад (61 Калаш), Алонсо (46, Емерсон) – Фбрегас, Жоржињо (46, Бакајоко) – Хадсон Одои (46, Пашалиќ), Баркли, Педро (73, Аина) – Мората (60, Абрахам).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус покажа големина и му ја честиташе титулата на Интер

Интер вчера ја освои шампионската титула во Италија, по 20-ти пат во својата историја, а т…