Јасно е дека Маурицио Сари ќе биде новиот тренер на Јувентус и само прашање на време е кога ќе биде официјализиран во нов кормилар на „бјанконерите“.
Италијанските медиуми ги откриваат првите потези кои ќе ги направи новиот тренер. Наводно Сари од раководството побарал само две засилување, но и Дибала сигурно да остане во тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Станува збор за Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Иско од Реал Мадрид. Шпанецот во овој момент вреди 80 милиони евра, додека за СМС Јувентус ќе мора да издвои приближно 100 милиони евра.
Сари ќе игра со својата омилена формација 4-3-3, така што Дибала ќе игра во врвот на нападот, некој вид на „лажна деветка“, како што играше Мертенс во Наполи.
Јувентус веќе ги доведе Ромеро од Џенова, кој треба да биде замена за Барзаљи и Арон Рамзи, а не е исклучена можноста да биде купен уште еден дефанзивец. Но, Сари е спремен да му даде поголема минутажа на Ругани во срцето на одбраната.
Еве како ќе изгледа новиот Јувентус.
Шчешни
Кансело, Бонучи, Ругани/Киелини, Алекс Сандро
Сергеј/Рамзи, Пјаниќ/Емре Џан, Иско
Бернардески, Дибала, Роналдо