Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон наговести дека би можел да ја продолжи кариерата и после завршувањето на оваа сезона.
Италијанските медиуми неодамна пренесоа дека Буфон донел конечна одлука да стави крај на кариерата, но самиот тој не е сигурен дали ќе се пензионира ова лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мотивацијата е се. Додека имам сила да патам на терен, да се борам, ќе продолжам. Ќе разговарам со клубот дали можам да продолжам или не. Без оглед што ќе се случи секогаш ќе бидам благодарен на кариерата која ја имав и на она што го дадов за Јувентус, Парма и репрезентацијата“, изјави Буфон.
Буфон во ноември одлучи да се повлече од италијанската репрезентација после неуспехот да се пласира на СП, но најверојатно повторно ќе го облече репрезентативниот дрес.