Дома Фудбал Англија Санчо спремен да се врати во Јунајтед, но само под еден услов

Санчо спремен да се врати во Јунајтед, но само под еден услов

Џејден Санчо моментално настапува како позајмен во Борусија Дортмунд, каде повторно ја оживеа кариерата.

Англичанецот не сака на лето да се врати на „Олд Трафорд“ ако на чело на тимот остане Ерик Тен Хаг. 

Борусија е подготвена да му понуди на Јунајтед 35 милиони фунти за перманентен трансфер, но „црвените ѓаволи“ не сакаат да ја прифатат понудата бидејќи на тој начин ќе загубат 40 милиони фунти.

Санчо е спремен да се врати во Манчестер Јунајтед, но само доколку замине Тен Хаг. Двајцата се во отворен конфликт и „црвените ѓаволи“ се откажале од обидот да ги помират.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Топката со која Марадона ја испиша историјата продадена за рекордна сума

Фудбалската топка со која Диего Марадона го постигна прочуениот гол “Божја рака̶…