Како што стојат работите трансферот на Санчо во Манчестер Јунајтед нема да се реализира, барем не во овој преоден рок.
Џејдон Санчо е голема желба на клубот од „Олд Трафорд“, но Германците постација рок. До 10 август тие беа спремни да преговараат, а потоа Санчо ги започна припремите и од Дортмунд порачаа дека приказната е завршена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега за ситуацијата се огласи Санчо.
„Се обидувам да не читам што се пишува во медиумите. Тоа што се пишува може да влијае на играчите. За мене е важно да не придавам многу важност на такви работи и да се фокусирам да бидам најдобар на теренот. Секој ден сакам да бидам се подобар и подобар. Сакам да ја задржам насмевката и да бидам среќен“, изјави Санчо.
Вчера на Островот се појавија информации дека откако пропадна обидот за Санчо Јунајтед ќе тргне по потписот на Даглас Коста од Јувентус.