Дома Топ вести Санчо доби понуда која не се одбива – се враќа на Островот

Санчо доби понуда која не се одбива – се враќа на Островот

Англиските медиуми се сигурни дека Џејдон Санчо на крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 20-годишен офанзивен фудбалер воодушеви со своите настапи и се најде на мета на многу европски гиганти. Оваа сезона Англичанецот одигра 30 меча за Дортмунд на кои постигна 16 гола и запиша 17 асистенции. Тој има договор со „милионерите“ до јуни 2022 година, но се шпекулира дека ова лето сигурно ќе ја промени средината.

Овој 20-годишник се поврзува со Ливерпул и Челзи, но Манчестер Јунајтед е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе испратил официјална понуда до неговиот агент.

„Црвените ѓаволи“ му понудиле на Санчо неделна плата од 400.000 фунти со што ќе стане еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.

Јунајтед ова лето сака да се ослободи од Алексис Санчез и Џеси Лингард, па поради тоа клубот ќе биде во можност да му понуди толку голема плата на младиот Англичанец за да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…