Дома Фудбал Англија Санчез повторно е голем проблем за Манчестер Јунајтед

Санчез повторно е голем проблем за Манчестер Јунајтед

Алексис Санчез минатото лето како позајмен фудбалер премина од Манчестер Јунајтед во Интер, меѓутоа за разлика од Белгиецот Ромелу Лукаку на Санчез воопшто не му оди.

Санчез сезонава настапи на само 12 натпревари и на само пет од нив беше стартер. Кога е неговиот учинок во прашање запиша само две асистенции и постигна еден гол. Причина за ваквата слаба на сезона на Санчез имаше и повредата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиски „Дејли Мејли“ денес објави дека поради споменатата ситуација Интер нема намера да го откупи договорт на Санчез. Истиот медиум тврди и дека спортскиот директор на Интер, Бепе Марота тоа веќе му го соопштил на Санчез.

Во Манчестер Јунајтед тешко дека посериозно ќе сметаат на Чилеанецот, па јасно е дека повторно ќе го имаат истиот проблем од минатото лето кога се мачеа да се ослободат од него.

Ќе потсетиме Алексис Санчез е најплатен фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…