Дома Фудбал Санчез негира дека се обложил за отказ на Мурињо

Санчез негира дека се обложил за отказ на Мурињо

Денес се појавија информации на „Сан“ дека ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез добил облог од 20.000 фунти дека Мурињо ќе добие отказ.

Весникот тврди дека Санчез се обложил со својот соиграч Маркос Рохо дека менаџерот ќе добие отказ од Манчестер Јунајтед пред Нова Година.

Меѓутоа, Чиленецот веднаш ја демантираше веста, така што објави слика од весникот и напиша:

„ЛАГА!!! Тоа е ЛАГА! Жозе ми даде шанса да играм за најдобриот клуб во светот и јас кон него имам само благодарност. Ние сме Манчестер Јунајтед. Немам трпение да му помогнам на тимот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…