Како што пишува Газета, Масимилијано Алегри нема да добие отказ од Јувентус пред крајот на сезоната, освен во случај на катастрофа на Бјанконерите.
Катастрофа сигурно би билo пораз од Макаби во Израел во четвртото коло од Лигата на шампионите, па eдинствено во таков случај во клубот не би размислувале.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета“ исто така додава дека и на управата и на Алегри им е јасно дека за резултатите се виновни и играчите и дека некои од нив дефинитивно треба да се снајдат подобро во наредните месеци. Затоа клубот стои зад Алегри, но и раководството на Јуве е свесно дека отпуштањето на Алегри би било премногу скапо.
Но, доколку Јувентус загуби од Макаби или не ја мине групата од Лигата на шампионите, клубот сигурно ќе бара нов тренер. Исто така, не е исклучено Јуве да бара нов тренер за време на мундијалската пауза, бидејќи тогаш новиот стратег би имал подолг период да се прилагоди.
Инаку, Јувентус веќе четири натпревари нема победа на гости во Серија А, а вкусот е особено горчлив по поразот од Милан на гости. „Старата дама“ заостанува и десет бода зад лидерот во Серија А, Наполи.