Дома Трансфер зона Салернитана најблиску до доведување на Рибери

Салернитана најблиску до доведување на Рибери

Франк Рибери е слободен играч откако летово му истече договорот со Фиорентина.

Искусниот Французин кој има 38 години е на чекор од потпис со Салернитана која оваа сезона игра во Серија А. Рибери го сакаше и Верона, но во овој момент Салернитана е најблиску до потписот на Рибери. Клубот е во сопственост на Клаудио Лотито, но до крајот на годината клубот ќе мора да добие нов газда затоа што еден човек не може да има два клуба во Серија А. Лотито како што е познато го има и Лацио.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Салернината на Рибери му понудила договор вреден милион ипол евра преку бонуси и тоа е понуда која Французинот би требало да ја прифати.

Во текот на кариерата Рибери играше за Брест, Мец, Галатасарај, Марсеј, а најголема трага остави во Баерн каде што помина 12 сезона и на 425 натпревари постигна 124 гола.

Неговото искуство и квалитет сигурно дека може да биде од корист на Салернитана која се очекува да води борба за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го враќа Верати во Европа

Приоритет на Каталонците во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за …