Eгипќанецот Мохамед Салах одигра уште еден одличен натпревар за Ливерпул во победата против Болоња од 2:0 во Лигата на шампионите.
Салах постигна убав гол во второто полувреме и така уште еднаш ја потврди својата светска класа, но исто така успеа да сруши и рекорд во Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во вчерашниот натпревар Салах стана најдобриот африкански голгетер во историјата на Лигата на шампионите. За Салах погодокот против Болоња беше 45. во најелитното европско натпреварувања и така го остави зад себе Дидие Дрогба со еден помалку.
На третата позиција е Самуел Ето кој во европската елита постигна 30 гола. Исто така Салах стана и првиот играч на Ливерпул кој постигнал пет голови во низа на натпревар од ЛШ.