Фудбалерите на Ливерпул синоќа на „Енфилд“ со потешкотии успеаа да го победат Ред Бул Салзбург во натпреварот од 2. коло во групната фаза од Лигата на Шампионите.
„Црвените“ по 36. минути имаа водство од 3:0 и многумина сметаа дека гостите од Австрија ќе доживеаат бламажа, но тие се вратија. Изедначија во второто полувреме на 3:3, но Ливерпул сепак успеа да слави 4:3. По натпреварот незадоволен беше Салах кој изјави дека по првите три гола требало да дадат уште три.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека противникот играше многу добро. Ние постигнавме три гола, но мораме да имаме на ум дека играме во Лигата на Шампионите и дека во секој натпревар треба да бидеме фокусирани. Второто полувреме беше тешко, но мило ми е што победивме. Кога водиме со 3:0, треба да постигнеме четврти, пети или шести гол, но некогаш на човечкиот ум тоа му е тешко и се опушта. Салзбург игра одлично и ни создаде многу проблеми“, изјави Салах.
Инаку, одличниот Египќанец синоќа постигна два гола за својот тим.