Дома Фудбал Англија Салах ги израдува „црвените“: Не ме интересираат гласините, јас припаѓам на Ливерпул

Салах ги израдува „црвените“: Не ме интересираат гласините, јас припаѓам на Ливерпул

klop and salah

Најдобриот фудбалер на Ливерпул оваа сезона проговори за гласините кои во последно време многу го поврзуваат со Реал Мадрид.

Салах во Ливерпул пристигна минатото лето од Рома и со „црвените“ потпиша договор вреден 36.9 милиони долари.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во меѓувреме се почесто се појуваа гласини дека би можел кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.

„Прочитав и јас за интересот на Реал Мадрид, но тоа во овој момент не ме интересира. Среќен сум тука, сите одлично се однесуваат кон мене и се чуствувам како да припаѓам на Ливерпул. Тоа е се што имам да кажам“, изјави Салах.

Потоа Египѓанецот зборуваше и за наградата која ја доби од навивачите на Ливерпул за најдобар фудбалер во таборот на „црвените“ за декември.

„Многу сум среќен што повторно ја добив оваа награда. Секогаш е добро чуството да се освои оваа награда бидејќи тоа значи дека работењето се исплати. Но како што претходно кажав, најважни се победите, а ние се обидуваме тоа да го направиме во секој натпревар“, зборуваше Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…