И кога не е целосно фит Лука Дончиќ игра на највисоко ниво и доминира, така беше на последниот натпревар во кој Далас славеше победа против Клиперс со 123:93 и поведе со 3:2 во серијата.
Дончиќ натпреварот го заврши со 35 поени и 10 асистенции, а сега низ социјалните мрежи кружи фотографија од контроверзен транспарент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, фирмата Скајскенер“ сакајќи да си направи добра реклама ги понижи Дончиќ и Мавс.
На салата во Лос Анџелес каде што се играше натпреварот тие поставија дигитален билборд на кој стоеше: Од Даллас до Какуун, посетете ја нашата страница за одлични зделки.
Следниот натпревар Далас го игра на домашен и со победа ќе стави крај на плеј-оф серијата, па така Клиперс ќе можат да резервираат билети за познатото одморалиште.
A company called Skyscanner decided to troll the Mavs and their fans tonight by putting this digital billboard outside The Crypt (this screen is right across from the arena for those unfamiliar) pic.twitter.com/OQdMZ1eMNt
— Insane Asylum Sources (@hmfaigen) May 1, 2024