Дома Фудбал Савиола го предупредува Лаутаро: Не е лесно да се игра покрај Меси, Суарез и останатите

Савиола го предупредува Лаутаро: Не е лесно да се игра покрај Меси, Суарез и останатите

Повеќе од јасно е дека Лаутаро Мартинез ќе биде прва мета на Барселона во следниот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челниците на Барселона во Мартинез гледаат како замена за Луис Суарез. Сепак, неговиот сонародник Хавиер Савиола го предупредува дека играњето со Меси и останатите ѕвезди во Барселона не е лесна задача.

„Искрено, Лаутаро е играч кој може да биде корисен за Барселона, но сите знаеме што значи да играш покрај Меси и големите ѕвезди. Ви кажувам дека не е лесно да се игра со нив.“ – изјави Савиола, кој своевремено како голем талент пристигна во Барселона од Ривера.

Во текот на неговата кариера на Камп Ноу, Савиола имаше прилика да ја дели соблекувалната со Меси, кој тогаш ја започнуваше својата сениорска кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…