Дома Останати Тенис Сабаленка откри каква порака добила од Ѓоковиќ

Сабаленка откри каква порака добила од Ѓоковиќ

Белоруската тенисерка, Арина Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на последниот грен-слем турнир во сезоната откако утрово во осминафиналето славеше против Дарија Касаткина со 6:1 и 6:3.

Мечот траеше 75 минути. Ова беше седми меѓусебен дуел на Сабаленка и Касаткина и петти триумф на Сабаленка која од 11-ти септември ќе биде на првото место на ВТА листата и ќе ја симне од врвот полската тенисера Иг Швојтек.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа беше тема и на прес-конференцијата по мечот, а Сабаленка откри дека добила интересна порака од Ѓоковиќ.

„Добив многу пораки, но најсмешната ми ја испрати Ѓоковиќ кој и сам повторно ќе биде на врвот на листата. Ми напиша: „Нека се насмее личноста која ќе биде светски број еден.“ Сето тоа го украси со емонтикон со наочари. Беше баш смешно!“, откри Сабаленка.

Инаку, Ѓоковиќ и Сабаленка се во одличен пријателски однос веќе подлого време, а имаат и посебен поздрав кога ќе се сретнат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …