Денис Черишев се најде во центарот на допинг скандал и тоа поради изјава на неговиот татко.
Најдобриот руски стрелец на овогодинешниот Мундијал, Денис Черишев се најде во центарот на допинг скандал пред четвртфиналниот натпревар против Хрватска. Имено, неговиот татко во разговор за одредени медиуми открил дека неговиот син минатата година се лекувал од повреда со инекции кои содржеле хормони за раст.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со оглед тоа се смета за прекршување на допинг правилата, ако не добие посебна дозвола, руската антидопинг агенција веднаш отвори истрага.
Поради ваквата ситуација постои страв кај домаќинот на Мундијалот дека Черишев би можел да биде суспендиран.