Дома Останати Русите „златни“, прв медал за Германија, Србија со бронза – заврши европското во одбојка

Русите „златни“, прв медал за Германија, Србија со бронза – заврши европското во одбојка

Машката одбојарска репрезентација на Русија го освои златниот медал на 30. Европско првенство во Полска. „Зборнаја“ во неизвесно финале во Краков беше подобра од Германија со 3:2 (по сетови: 25:19, 20:25, 25:22, 17:25, 15:13) за 14 победа на завршните турнири на континентот.

Селекцијата на Србија, пак, го понесе бронзениот медал од ЕП 2017. Најдобрите одбојкари на северниот сосед, во меч за третото место, ја поразија Белгија со 3:2 (по сетови: 25:17, 22:25, 19:25, 25:22, 15:12) за вкупно 11 европско одличје.

ЕП 2017 во одбојка (м) – Полска

Финале

Русија – Германија 3:2 (по сетови: 25:19, 20:25, 25:22, 17:25, 15:13)

За трето место

Србија – Белгија 3:2 (по сетови: 25:17, 22:25, 19:25, 25:22, 15:12)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вилагош добива 10.000 евра, Трипковиќ доживотно месечно примање

Србија ги награди освојувачите на европски и светски медали и нивните тренери, а посебно н…