Дома Фудбал Руни ќе го менува спортот – станува боксер?!

Руни ќе го менува спортот – станува боксер?!

Поранешниот англиски капитен, Вејн Руни според последните најави планира да се проба во боксерскиот ринг.

Легендата на Манчестер Јунајтед нема баш успешна кариера како тренер и во неговите последни ангажмани не усепваше долго да се задржи. Беше отпуштен Руни од Бирмингем на почетокот на јануари и тоа по само 15 натпревари на клупата.

Според последните најави Руни води преговори со промоторот на боксерската серија „Inflencer KSI“, Кале Зауерланд.

Вејн е голем фан на боксот и во 2015 година се појави во видео каде што е спарира со соиграчот од Јунајтед, Фил Бардсли. Пред извесно Руни и испрати порака до познатиот промотор Еди Херн, барајќи да му организира борба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тројца „победници“ на Златната топка: Збунувачки објави на официјалниот сајт

Кејн, Мбапе и Јамал биле претставени како освојувачи на наградата во три одделни објави, к…